Борачите на БК „Спартак“ – Кочани настапија на меѓународен турнир во општина Качаник, Косово, каде што остварија одлични резултати, освојувајќи два златни и еден бронзен медал.
Даријан Павлев, во категоријата до 65 килограми, и Јован Илиев, во категоријата до 71 килограм, ги освоија првите места, совладувајќи ги своите противници без да загубат ниту еден бод.
Уште еден медал за кочанскиот клуб донесе Давид Златков, кој во категоријата до 48 килограми го освои третото место.
Борачите настапија под водство на тренерите Гоце Ангелов и Игор Христов.
Со освоените три медали, БК „Спартак“ уште еднаш го потврди успешниот настап на своите борачи на меѓународната сцена.







