Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната крводарителска акција во месец ноември.
На акцијата крв даруваа 44 крводарител од кои 8 млади лица до 30 годишна возраст и двајца првократни дарители.
Акцијата е седумнаесета што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина –Штип.
Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.






