Од 27 до 29 ноември 2026 година, во Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи тридневен музички настан посветен на чембалото и барокната музика, во организација на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија.
Целта на настанот е да го доближи чембалото до пошироката публика и да го промовира богатото европско музичко наследство.
Предавач ќе биде Цветанка Созовска, магистер по чембало, која своето професионално музичко искуство го гради во Македонија и Холандија.
Преку едукативни презентации и практични работилници, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со особеностите на инструментот, изведувачките техники и барокниот музички израз.
Програма на настанот:
- 27 ноември (петок), 12:00 часот – Презентација на чембалото и работилници со пијанисти. - 28 ноември (сабота), 10:00 часот – Работилници за камерна музика. - 29 ноември (недела), 16:00 часот – Завршен концерт.
Организаторите ги покануваат сите љубители на музиката, уметноста и културата да присуствуваат на настанот и да уживаат во звуците на чембалото и делата од барокната музичка епоха.




