Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај – Кочани денеска спроведоа превентивна активност насочена кон подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови.
Под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима – користи зимска опрема“, на возачите и граѓаните им беа поделени едукативни летоци, преку кои беа информирани за законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема во возилата.
Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема важи во периодот од 15 ноември 2026 до 15 март 2027 година.




