Борачите на БК „Спартак“ денеска настапија на меѓународниот турнир „Трофеј Штипски асови“, каде остварија забележителни резултати и освоија вкупно пет медали.
Со сребрени медали се закитија Борис Митревски, кој го освои второто место во категоријата до 92 килограми, и Давид Златков, кој беше второпласиран во категоријата до 48 килограми.
Бронзени медали освоија Едис Билалов во категоријата до 55 килограми, Јован Илиев до 65 килограми и Никола Пешев до 52 килограми.
На турнирот учество зеде и Максим Арсов, кој го претставуваше клубот.
Екипата беше предводена од тренерите Зоран Сребренов и Иван Јанев, додека како судии на турнирот учествуваа Гоце Ангелов и Игор Христов.
Со освоените пет медали, борачите на „Спартак“ уште еднаш го потврдија својот квалитет и успешниот настап на меѓународната спортска сцена.




