Со свечена заклетва, кочанските првачиња станаа дел од Детската организација
Во рамките на одбележувањето на Детската недела, во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа свечена манифестација на која над 270 првачиња од петте основни училишта во Општина Кочани ја дадоа својата прва училишна заклетва и официјално станаа дел од Детската организација.
Под мотото „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка“, најмладите ученици ветија дека ќе бидат вредни, ќе ги почитуваат своите наставници, ќе другаруваат и ќе си помагаат меѓусебно.
Свечениот прием во Детската организација претставува значаен момент за најмладите ученици, кои со возбуда, насмевки и надеж го започнуваат своето образовно патување, исполнето со нови знаења, пријателства и незаборавни спомени.
Нека им е среќен почетокот на сите првачиња! Нека детството им биде исполнето со насмевки, љубов, другарство и успеси!
📰 Кочани 24 – Вашиот секојдневен извор на информации од Кочани








