За Општата болница со проширена дејност во Кочани се обезбедени две нови, современо опремени амбулантни возила, во рамките на државниот проект за набавка на 100 возила за потребите на Итната медицинска помош.
Новите возила располагаат со медицинска опрема наменета за укажување итна помош и безбеден транспорт на пациентите.
Со обновувањето на возниот парк се очекува подобрување на условите за работа на медицинските екипи, побрзи интервенции и поефикасна здравствена заштита за граѓаните на Кочани и околните населени места.
Набавката е дел од активностите за модернизација на Итната медицинска помош и зајакнување на капацитетите на јавните здравствени установи.




