Со поддршка на Општина Кочани в сабота, 17 октомври 2026 г., на големиот паркинг во Трговскиот центар во Кочани, во периодот од 11:30 до 13:30 ч. ќе се одржи изложба на олдтајмери, автомобили учесници во ВМ Класик рели.
ВМ Класик рели е официјалното Државно првенство на автомото рели со историски возила во Македонија. Настанот е организиран од Олдтајмери клубот ВМ Класик Скопје, под покровителство на Националната федерација за историски возила.
Државното првенство е поделено во неколку регионални натпревари (етапи) во текот на сезоната, каде што сопствениците на олдтајмери се натпреваруваат во рели-прецизност и во трки со пречки во вешто возење, познати како „ретрокана“. ВМ Класик источно рели е завршната етапа во шампионатот, а рутата води кон источниот дел на Македонија со пауза и изложба во Кочани.
Изложбата на автомобилите е од отворен карактер за граѓаните и љубителите да можат да ги разгледаат и да се фотографираат со олдтајмерите.




