Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани денеска престојуваше амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Н.Е. Цианг Ксиаојан, заедно со нејзините соработници.
Во рамки на посетата беше организирана проекција на документарниот филм „Шенжоу 13“, на која присуствуваа наставници, ученици и родители.
Настанот, организиран во соработка со Академија Кочани, им овозможи на учениците одблиску да се запознаат со достигнувањата на Кина во истражувањето на вселената, поттикнувајќи ја нивната љубопитност и интересот за науката и новите технологии.
Посетата претставува значаен придонес во зајакнувањето на пријателските односи, меѓусебното почитување и културната соработка, отворајќи нови можности за образовни активности и идни заеднички иницијативи.








