Одличен натпреварувачки викенд зад каратистите на КК „Кочани“, кои настапија на два меѓународни турнири – „Златен куп“ во Тетово и „Дојран Опен“, остварувајќи извонредни резултати.
Кочанските натпреварувачи освоија вкупно 37 медали, од кои 15 златни, 11 сребрени и 11 бронзени. Особено значаен успех постигнаа на турнирот „Дојран Опен“, каде што го освоија првото место во генералниот пласман.
„Златен куп“ – Тетово (13 медали)
На турнирот во Тетово, членовите на КК „Кочани“ освоија 4 златни, 3 сребрени и 6 бронзени медали.
Златни медали:
Алексеј Ристов – 2016 (-35 кг)
Алексеј Ристов – 2015 (-35 кг)
Илина Костадинова – 2013 (-54 кг)
Лука Златков – кадети (-70 кг)
Сребрени медали:
Дарија Симеонова – 2018 (-25 кг)
Давид Давитковски – 2016 (-35 кг)
Дарија Симеонова – 2019 (-25 кг)
Бронзени медали:
Ана Костадинова – 2015 (+44 кг)
Ана Костадинова – 2014 (-50 кг)
Илина Костадинова – ОПЕН У14
Илина Костадинова – кадети (-54 кг)
Душанка Ристова – кадети (-47 кг)
Лука Златков – кадети ОПЕН
„Дојран Опен“ – прво место во генералниот пласман (24 медали)
Уште поуспешен настап кочанските каратисти имаа на „Дојран Опен“, каде што освоија 11 златни, 8 сребрени и 5 бронзени медали, со што го освоија првото место во генералниот пласман.
Златни медали:






