Министерството за внатрешни работи распишува централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова (23) од Кочани.
Според официјалното соопштение на МВР, потерницата е распишана по барање на Основниот суд Кочани, за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.
Ова следува откако претходно беше објавено дека Михајлова се наоѓа во Бугарија, иако според податоците на МВР, во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од Македонија.
Михајлова, пак, тврдеше дека границата ја преминала легално, преку официјален граничен премин.




