Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“ ќе ја претставува Македонија и градот Кочани на Светското првенство во карате, каде што ќе настапи во категоријата У-21, до 50 килограми.
Светското првенство ќе се одржи од 14 до 18 октомври 2026 година во градот Бјелско-Бјала, Полска, и ќе ги собере најдобрите каратисти од целиот свет.
Настапот на ова престижно натпреварување претставува голем предизвик и можност за Наталија да ги покаже својот квалитет, посветеност и спортска подготвеност на највисоко меѓународно ниво.
Нејзиното учество е можност за достојно претставување на македонското карате и на градот Кочани на светската спортска сцена. Спонзори: - Општина Кочани - Антура - Тигар Метал - Здружение на возачите – Кочани
Им благодариме на спонзорите за поддршката и придонесот во остварувањето на спортските успеси.
На Наталија Карова и посакуваме остварување на посакуваниот резултат на Светското првенство!
📰 Кочани 24 – Вашиот секојдневен извор на информации од Кочани




