Од денес, 9 ноември 2026 година, во Македонија започнува примената на новите правила во домашниот платен промет, кои носат промени за граѓаните и компаниите.
Досегашната уплатница ПП30 се заменува со КТД (кредитен трансфер во денари), додека ПП50 се заменува со КТБ (кредитен трансфер кон буџетските корисници).
Со новите правила, банкарските сметки се користат во 19-знаковен формат, со додавање на ознаката MK07 пред постојниот 15-цифрен број. Се воведуваат и нови четиризнаковни шифри за плаќање, усогласени со меѓународниот стандард ISO 20022.
Граѓаните нема потреба да отвораат нови сметки или да ги префрлаат своите пари. Банките ги спроведуваат потребните технички приспособувања.
На фотографијата се прикажани новите обрасци КТБ и КТД, кои ги заменуваат досегашните ПП50 и ПП30.
