Фудбалерите на Осогово одиграа нерешено 0:0 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, во натпреварот од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига.
„Жетварите“ успеаја да останат непоразени на гостувањето во Скопје и да освојат значаен бод во првенствената трка.
Натпреварот помина без погодоци, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.
Осогово продолжува со првенствените обврски, а во следното коло на домашен терен ќе го пречека Работнички.

