Општина Кочани, во соработка со NewMan’s Business Accelerator, објави повик за млади на возраст од 14 до 18 години за учество на CASSINI Space Camp „Мисија Македонија 2030“, едукативен камп посветен на примената на вселенските технологии во решавањето на предизвиците на Земјата.
Кампот ќе се одржи од 10 до 17 јануари 2027 година во Виница, додека завршниот настан „Innovation Expo & Demo Day“ е закажан за 18 јануари во Скопје.
За учество ќе бидат избрани 35 млади, за кои програмата е целосно бесплатна.
Преку практични работилници, теренски посети и работа со ментори, учесниците ќе се запознаат со можностите за користење на сателитските податоци и вселенските технологии во земјоделството, заштитата на животната средина и справувањето со климатските предизвици.
Посебен акцент ќе биде ставен на оризопроизводството, наводнувањето, управувањето со водните ресурси и следењето на ризиците од пожари.
Од Општина Кочани ги охрабруваат заинтересираните ученици да се пријават, а училиштата, наставниците и младинските организации да го споделат повикот.
Линк кон повикот: (https://newmansba.com/%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0/f/%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-2030)
Пријавување:(https://baserow.io/form/SM7dy2HgZbuu-C263a_J2o3YB9KuyO2PC5jJKz73LsA)
Повеќе информации:(https://www.cassini.eu/spacecamps/northmacedonia)




