На 28.10.2026 година, во 16:05 часот, во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.А. (37) од Кочани.
Претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „БМВ“ со кочански регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот. По преземените мерки, полициските службеници го пронашле, при што било констатирано дека управувал со возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило и со истечена важност на сообраќајната дозвола.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.




