На 1 ноември 2026 година, во 16:20 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода 45-годишната В.Р. од Пехчево.
Според информациите од полицијата, претходно, во домот на нејзините родители во Кочани, по кратка расправија, таа физички го нападнала својот 69-годишен татко.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.




