Триесет лица од Кочани се ангажирани за вршење јавни работи – чистење на јавните површини, паркови и зеленила, преку проектот Јавни работи, односно според мерката 5.1., поддржана од Агенцијата за вработување.
Нивниот работен ангажман почна од 21 октомври и ќе трае 30 работни дена. Лицата се ангажирани за чистење на јавните површини во градот Кочани и во населените места, со дневница во износ од 800 денари финансирани од АВРМ, со 20 % кофинансирање од Општината.
Проектот Јавни работи или мерката 5.1. поддржана од Агенцијата за вработување, предвидува работно ангажирање на невработени лица, активни баратели на работа со ниски квалификации, во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво.








