На 19 октомври 2026 година, во 08:50 часот, во ОВР Кочани било пријавено дека на улицата „Никола Карев“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Р.З. од селото Грдовци, Кочанско, и мопед управуван од 72-годишниот Р.Ј. од Кочани.
Во несреќата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Итната медицинска помош во Кочани.
При извршениот увид, полициските службеници констатирале дека 72-годишниот мопедист го управувал мопедот без да поседува право на управување.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.




