Спирко Златков доаѓа на тренерската позиција на местото на досегашниот тренер Крсте Крстев, кој претходно поднесе оставка.
Златков е добро запознаен со клубот и неговото функционирање, со оглед на тоа што пред неколку сезони беше дел од стручниот штаб на „жолто-сините“, каде што работеше како асистент. Во досегашната тренерска кариера, тој има искуство и од работата во ЖФК Кочани.
За младиот кочански тренер следува нов предизвик во кариерата, а неговата задача ќе биде да го предводи Осогово во продолжението од сезоната и да придонесе за остварување на клупските цели.
На Златков му претстои период во кој ќе треба да го наметне својот тренерски пристап и да го подготви тимот за предизвиците што следуваат.
Му посакуваме успех на новиот шеф на стручниот штаб на ГФК Осогово!

