Ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани имаа можност да се сретнат со Никол Варнс, вршител на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, и да ги споделат своите идеи и визии за иднината на градот.
Во рамките на креативната активност „Креирај ја твојата иднина“ (Create Your Future), средношколците преку уметност, дигитални медиуми, технологија и иновативни решенија ги претставија своите замисли за подобар Кочани, со повеќе можности за живеење, образование и развој.
Средбата беше можност за непосреден разговор за предизвиците со кои се соочуваат младите, нивните очекувања и идеите што можат да придонесат за позитивни промени во локалната заедница.
Активноста ја истакна важноста на младинската креативност, иницијативност и активно учество во креирањето на иднината на Кочани.








