Ученици од четврто одделение од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ денеска ја посетија Општина Кочани, каде што остварија средба со градоначалникот Владко Грозданов.
За време на средбата, градоначалникот ги запозна учениците со начинот на функционирање на Општината, нејзините надлежности и услугите што ги обезбедува за граѓаните.
Учениците покажаа интерес за начинот на комуникација меѓу локалната самоуправа и граѓаните, како и за можностите преку кои можат да ги упатуваат своите прашања, идеи и предлози.
Посетата е дел од наставната програма за четврто одделение, со цел учениците преку непосредно искуство да се запознаат со работата на локалната самоуправа и нејзината улога во секојдневниот живот на заедницата.







