На 29.10.2026 година, во 00:05 часот, во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Г.Ј. (44) од село Оризари, кочанско.
Тој управувал патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки во сообраќајот со отворена врата, а по преземените мерки, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,78 промили алкохол во организмот.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.




