Во петок, 13 ноември 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во Салонот „Фоаје 1“ при НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе биде отворена јубилејната изложба „80 години ДЛУМ“, посветена на осумдецениското постоење на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Изложбата претставува значаен културен настан со кој се одбележува јубилејот на Друштвото и неговиот придонес во развојот на македонската ликовна уметност.
Настанот е дел од Годишната програма на НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани за 2026 година, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.
Од Центарот за култура ги покануваат граѓаните и љубителите на уметноста да присуствуваат на свеченото отворање на изложбата.




