На 08.11.2026 година, во 02:00 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.М. (35) од селото Нивичани, кочанско.
Претходно, тој управувал патничко возило „Форд“ со кочански регистарски ознаки, со кое учествувал во сообраќајна незгода. При преземањето на полициските мерки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.




