На повеќе улици во Кочани денеска, 14 ноември, се изведуваат работи за санација на ударните дупки со топла асфалтна маса, со цел подобрување на условите за движење и зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Според информациите од Општина Кочани, работите ги изведува фирмата „Стоименов“, а активностите се организирани во сабота, по препорака на градоначалникот Владко Грозданов, поради намалениот интензитет на сообраќајот и можноста за непречено изведување на работите.
Санацијата ќе продолжи во понеделник, кога е предвидено асфалтирање на преостанатите подготвени површини.
Од Општина Кочани апелираат до возачите да се движат внимателно на локациите каде што се изведуваат градежните работи и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Целта на активностите е подобрување на состојбата на уличната инфраструктура и обезбедување побезбедно одвивање на сообраќајот.










