Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, денеска, 13 ноември, беше отворена јубилејната изложба „80 години ДЛУМ“, посветена на осумдецениското постоење и творештво на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
На изложбата, поставена во салонот „Фоаје 1“, се претставени дела од петмина локални ликовни уметници, кои преку своите творби придонесуваат за одбележувањето на значајниот јубилеј.
Настанот е дел од Годишната програма на Центарот за култура „Бели мугри“ за 2026 година, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.
Јубилејната изложба претставува можност за промоција на ликовното творештво и одбележување на осумдесетгодишниот придонес на ДЛУМ во македонската уметност.








